Локални избори

НДИ: Нема простор за говор на омраза и дискриминација на кандидатките за градоначалнички и советнички

Насилството врз жените во политиката се манифестира во повеќе облици, најчесто како мизогинија, сексистички, шовинистички и друг тип на напади и понижување, а тоа претставува директен напад врз демократијата и пристапот/правото до еднакви можности, реагираат од работната група за родова еднаквост на НДИ (Национален демократски институт) формирана во рамките на WoMen Lead: Унапредување на родовата еднаквост преку политичкото учество на жените, проект финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна поддршка.

„Овие локални избори се тест за нашите способности и разбирање на правото на еднакви можности и слободни и фер избори. Жените го имаат истото право како и мажите да бидат активни во политичкиот живот, да придонесуваат со својата експертиза и знаење без страв од насилство во која било форма што негативно влијае на личниот, професионалниот и семејниот живот на жените политичарки, како и на нивото на целиот политички дискурс. Затоа, ние членовите на Работната група за родова еднаквост силно гиосудуваме сите форми на говор на омраза и дискриминација со кои се нарушува правото на жените да учествуваат слободно и правично во изборниот процес како кандидатки. Ние се обврзуваме и дека нашите политички партии неодложно ќе преземат санкции и други дејства против нашите членови кои користат несоодветен и дискриминаторски јазик или насилство со коешто се нарушува угледот на жените политичарки. Мораме да создадеме безбедно опкружување со цел и мажите и жените да бидат политички активни и поддржани во нивните заложби да се кандидираат на демократски и слободни избори“, се вели во соопштението на работната група за родова еднаквост како тело составено од жени и мажи претставници на осум политички партии (СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса за Албанците, ЛДП, ДОМ, Алтернатива, Движење Беса).

Националниот демократски институт и Шведската меѓународна агенција заразвојна соработка (Сида) во моментов ја спроведуваат кампањата „Заокружи НЕ за насилство врз жени во политиката" како дел од проектот WoMen Lead: Унапредување на родовата еднаквост преку политичко учество на жените. Кампањата има за цел да се елиминира насилството врз жените во политиката и да се унапреди родовата еднаквост преку политичко учество, поддршка и поттикнување на жените да учествуваат во најголем можен степен во политиката, како резултат на нивните желби, предиспозиции и амбиции.

Членови на работната група за родова еднаквост се Вјолца Бериша, Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, Алијанса за Албанците, Вјолца Муртези, Алтернатива, Адмирим Халити, Алтернатива Стефан Андоновски, ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, ВМРО – ДПМНЕ, Мелинда Рашиди, Движење БЕСА, Фатри Салуи, Движење БЕСА, Силвана Кржовска, ДОМ, Христа Најданов, ДОМ, Бедри Фазли, ДУИ, Арбана Пашоли, ДУИ, Билјана Аврамоска-Ѓореска, ЛДП, Игор Вељаноски, ЛДП, Снежана Калеска Ванчева, СДСМ, Марко Михаилоски, СДСМ.

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе