Откако владината делегација положи цвеќе

Навивачи на гробот на Гоце Делчев скандираа „Никогаш Северна, само Македонија“

На големиот ден, 4 мај, на одбележување на 117-годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев, ВМРО-ДПМНЕ го покажа лицемерното, очајничко и режимско лице, обвини СДСМ.

„Преку навивачки групи, ВМРО-ДПМЕ организира партиска пропаганда, и ги делат граѓаните пред гробот на македонскиот херој, Годе Делчев кој животот го посвети на обединување на македонскиот народ. Освен поделби и вештачки тензии, ВМРО-ДПМНЕ се обиде да ја попречи и слободата на изразување, како и работата на медиумите.
Бидејќи собирањето во масовни групи е спротивно на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот го повикуваме МВР да преземе итни мерки и соодветно да ги казни прекршителите.
Исплива на виделина и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои наводно се загрижени за здравјето на граѓаните и бегаат од избори, а во исто време организираат навивачки групи и собири спротивни на мерките и препораките на здравствените власти“, се вели во соопштението од СДСМ.

Членови на навивачките групи „Комити“ и „Војводи“ гласно скандираа „Никогаш Северна, само Македонија“  додека министерката за одбрана, Радмила Шекеринска се подготвуваше да даде изјава за медиумите по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.

Шекеринска кратко искоментира дека станува збор за политички мотивиран настан, им се извини на медиумите и ги покани на втор настан на кој ќе присуствува да даде изјава.

„Барем тоа го научивме на Балканот, дека многу често политиката се крие зад навивачките групи и ги злоупотребува“, рече Шекеринска.

По заминувањето на Шекеринска, навивачите продолжија да пеат патриотски песни и придружувани од полицијата влегоа да положат цвеќе.

Пред владината делегација што ја предводеше Шекеринска, во „Свети Спас“ беше и делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот Христијан Мицкоски, но додека тој даваше изјава за медиумите, навивачите не беа присутни.

 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе