Претседателка на Комисија за образование на СДСМ

Наумовска: ВМРО-ДПМНЕ стои зад бојкотот на наставата

На лагата и се кратки нозете, не требаше многу да помине за целата јавност да се увери кој се мотивите за целиот циркуз околу дигитализацијата во образованието, велат од СДСМ.

Информациите дека Драгана Спасевска, предводничката на групата „Учебници и настава мора да има" која се спротивставува на реформите во образованието е исткнат член на ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека зад бојкотот на наставата стои партијата предводена од Христијан Мицкоски.

Со ова се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ свесно злоупотребува ученици и родители заради партиски цели.

Потврдено е она што го зборувавме долго време, но и она што цела јавност го гледа - Зад повиците за бојкот, зад манипулациите и лажните вести за дигитализацијата стои ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ на штета на учениците и образовниот систем повикува на бојкот на наставата, шири лажни вести и измислици околу некакви провизии и тендери.

Апелираме до учениците и нивните родители, да не дозволат да бидат манипулирани и злоупотребени за партиски цели на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Бојкот на наставата е на штета на учениците кои губат од воспитно образовниот процес. Случувањата после најавените реформи во образованието се само еден од повеќето мали пожари што ВМРО-ДПМНЕ ги потпалува за да создава тензии во општеството“, истакнуваат од СДСМ.

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе