Заедничка македонско-бугарска комисија

Наум Кајчев: Средба на Комисијата немало, Пендаровски ја доведе во заблуда македонската јавност

Членот на Заедничката комисија од бугарска страна, Наум Кајчев, во разговор за МКД.мк вели дека пред речиси месец и половина им пишале на македонските колеги, но уште немаат одговор за закажување седница на Комисијата. Тој уште тврди дека внатрешно политичката состојба во Бугарија не влијае на работата на Комисијата, која, според него, е експертска. 

Деновиве имаше различни информации од македонска и од бугарска страна за средба на Заедничката комисија, дали имало или немало онлајн-средба. Имаше или немаше средба? Дали се работи за дезинформации или за недоразбирање?

За жал, претседателот Стево Пендаровски ја доведе во заблуда вашата јавност со тврдењето дека имало онлајн-средба на Заедничката комисија во изминатите месец-два. Колегата професорот Драги Ѓоргиев само делумно го исправи пред медиумите. 

Всушност немаше никаква онлајн-средба на Заедничката комисија. Пред повеќе од три месеци, на 4 јуни, имаше видеоразговор на претседателите и на уште по двајца членови на Комисијата, значи по тројца колеги од двете страни, само за прецизирање на протекот (записникот) од ноемвриската седница на Комисијата. Тоа не беше ниту средба ниту седница на Заедничката комисија. 

Што е толку спорно или проблем да се состане Комисијата?

Пред речиси месец и половина, на крајот на јули, ние им пишавме на колегите во Скопје, но тие уште не ни одговориле. Наместо комуникација внатре во Комисијата, имаме изјави во медиумите. Медиумската активност на колегата професорот Ѓоргиев е обратнопропорционална на неговиот молк во Комисијата. 

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека со бугарскиот премиер Борисов се слушаат, но не го отвориле прашањето за Комисијата бидејќи во Бугарија има протести и дека „ние чекаме кога вие ќе бидете подготвени да зборувате“. Има ли влијание политичката ситуација во Бугарија врз работата на Комисијата?

Ние сме експертска комисија и не сме под влијание на внатрешнополитичката состојба во нашата држава. Секогаш сме подготвени за разговори. 

Од Бугарија (пред два дена Каракачанов, а денес и Ковачев) доаѓаат закани дека нема преговори со ЕУ без решавање на историските прашања. Може ли прашањето за Гоце Делчев, кое најмногу се споменува, да нè запре на европскиот пат, или мислите може да се најде решение што е прифатливо за двете страни?

Решение и за Гоце Делчев и за Илинденското востание и за сите други елементи од нашата заедничка историја може да се најде. Треба да се има волја да се потпреме на „архивите“, како што вели премиерот Заев, на автентичните сведоштва. Да го бараме она што нè обединува, а не она што нè разделува.

Ќе ги отворите архивите?

Ако има волја и професионалност, се разбира. Од април 2019 година во Комисијата се обидуваме да го направиме тоа за прашањето за Гоце Делчев. 

Зошто досега не се отворени архивите?

Архивите, особено бугарските, технички се отворени. Треба волја и професионализам да се почитува морето од сведоштва во нив за бугарската национална самосвест на голем дел од населението во Македонија во минатото, за заедничката историја на Бугарија и Република Северна Македонија. 

Ж.П.Б.

 

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе