Преку видео-конференција

НАТО расправаше за пандемијата, Димитров за првпат ја претставуваше Македонија како членка на Алијансата

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска за првпат ја претставуваше Македонија за првпат како полноправна членка на НАТО и учествуваше на состанокот на Северно-атлантскиот совет во формат на министри за надворешни работи кој што се одржа преку видео-конференција заради рестрикциите со пандемијата ковид-19.

Димитров го истакна значењето на членството на земјава во НАТО како заеднички успех во заложбите за регионалната и европската стабилност и заедничкото справување со глобалните предизвици.

„Ова не е само наш успех. Ова е успех и за сите наши партнери во евро-атлантската заедница чии вредности се демократијата, човековите права и владеењето на правото низ единство и солидарност. Ширењето на соработката, помошта и информациите треба да биде побрзо од ширењето на пандемијата“, рече Димитров.

Говорејќи на главната тема на состанокот - пандемијата на вирусот ковид-19, Димитров ги истакна мерките на Владата за справување со овој глобален предизвик, при што ја подвлече потребата од придонес на Алијансата по ова прашање во засегнатите земји членки. Нагласувајќи го принципот на солидарност врз кој се темели НАТО, заедничка беше констатацијата на министрите за потребата од преземање на итна и координирана акција за справување со кризата и ублажување на нејзините последици.

На состанокот, како што соопшти МНР, биле разгледани и прашања во врска со Авганистан, пошироката област на Блискиот Исток и Северна Африка, како и за состојбите во Сирија. Притоа, Димитров ја реафирмирал подготвеноста на нашата земја за натамошен придонес во приоритетните активности на НАТО.

 

 

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе