По употребата на македонското знаме

НАТО: Откако Договорот од Преспа целосно ќе се спроведе, ние ќе почнеме да пишуваме „македонски јазик“

Ќе почнеме да ја употребуваме придавката „македонски" откако Преспанскиот договор ќе биде целосно спроведен, рекоа за МКД.мк официјални лица од НАТО.

Ова прашање се отвори откако вчера, за време на преносот во живо од потпишувањето на пристапниот протокол во штабот на НАТО во Брисел, наместо придавката „Macedonian“, стоеше македонското знаме, додека англискиот, францускиот и рускиот јазик си беа означени со „English“, „French“, „Russian“...

Откако Договорот од Преспа ќе биде целосно спроведен, ние ќе можеме да го користиме терминот „македонски јазик“, рекоа НАТО-функционерите.

A.Д.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе