На состанокот со кој ќе претседава генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, ќе се разговара и за напредокот во однос на пофер распределба на товарот, зајакнување на капацитетите за одвраќање и одбрана во сите домени, зајакнување на отпорноста на општествата, како и за мисиите на НАТО во Авганистан и Ирак.
„Пандемијата ковид-19 продолжува да не предизвикува сите нас. Нашите војски продолжуваат да играат клучна улога во поддршката на цивилните напори. И сојузниците си помагаат едни на други. Поставување на теренски болници и транспорт на пациенти. И овој месец, Албанија, Црна Гора и Северна Македонија добиваат поддршка од новите резерви на НАТО. Ковид-19 не направи другите предизвици да исчезнат. Значи, останува од витално значење да инвестираме во нашата одбрана“, рече Столтенберг на вчерашната прес-конференцијата пред одржувањето на дводневниот министерски состaнок.