Министерски состанок

НАТО ќе расправа за поддршката на Македонија, Албанија и Црна Гора за справување со ковид-19

На виртуелен состанок денеска и утре министрите за одбрана на земјите членки на НАТО ќе разговараат за справувањето со пандемијата на ковид-19 и поддршката од Алијансата за Македонија, Албанија и Црна Гора.

На состанокот со кој ќе претседава генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, ќе се разговара и за напредокот во однос на пофер распределба на товарот, зајакнување на капацитетите за одвраќање и одбрана во сите домени, зајакнување на отпорноста на општествата, како и за мисиите на НАТО во Авганистан и Ирак.

„Пандемијата ковид-19 продолжува да не предизвикува сите нас. Нашите војски продолжуваат да играат клучна улога во поддршката на цивилните напори. И сојузниците си помагаат едни на други. Поставување на теренски болници и транспорт на пациенти. И овој месец, Албанија, Црна Гора и Северна Македонија добиваат поддршка од новите резерви на НАТО. Ковид-19 не направи другите предизвици да исчезнат. Значи, останува од витално значење да инвестираме во нашата одбрана“, рече Столтенберг на вчерашната прес-конференцијата пред одржувањето на дводневниот министерски состaнок.  

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе