Во соопштението од кабинетот на шефот на македонската држава се вели дека претседателот Стево Пендаровски остварил телефонски разговор со претседателот на Бугарија, Румен Радев и дека нему му го честитал стапувањето на должноста и му посакал успешен мандат. Во разговорот станало збор за најновиот развој на билатералните односи меѓу двете соседни држави во светло на неодамнешната посета на претседателот на владата на Бугарија на Скопје, како и претстојните активности во Софија.
„Во тој контекст, претседателот Пендаровски го поздрави воспоставениот дијалог меѓу двете влади и ја истакна подготвеноста на Република Северна Македонија за негово интензивирање во наредниот период.
Во насока на зајакнување на дијалогот меѓу двете земји, двајцата претседатели разговараа и за можноста за скорешна официјална посета на претседателот Пендаровски на Софија, како и за интензивирање на комуникацијата на највисоко ниво во претстојниот период“, се вели во соопштението.