Неофицијално во изјава за МКД.мк од Движењето Беса потврдуваат дека се разговара со Фатмир Лимани и дека разговорите во наредните денови треба да финишираат по што, „крилото“ на Лимани се очекува до крајот на идната недела да ѝ се приклучи на Беса.
Фатмир Лимани за МКД.мк утрово изјави дека силата на неговиот политички штаб не е шега зашто тој на локалните избори освоил околу 5.000 гласови и дека резултатот ќе бил и подобар доколку изборниот процес беше чесен но, како што рече, тоа не беше можно кога ДУИ е во прашање.
Тој самиот разговара со својот политички штаб, главно составен од лица кои, како и него, ја напуштиле ДУИ за да се „влезе во политичката структура што ќе биде формирана од редот на опозицијата на Албанците“.
Фатмир Лимани
За МКД.мк Лимани рече дека од разговорите што досега ги имал со претставниците на Беса и Алијанса за Албанците „попозитивни вибрации чувствува кај Беса“ и потсети дека кај Алијанса за Албанците се очекува конгрес и дека се можни кадровски измени, а „кај помладите структури во Алијанса насетува подготвеност за промени и нови идеи“.
Во изминатиот период откако ја наушти ДУИ, иако негов чичко е лидерот Али Ахмети, Лимани остро ги критикува „интегративците“ и ги обвинува за криминално и коруптивно однесеување користејќи ги полугите на власта.
П.Џ.