Народниот правобранител Мемети избран за член на Советот на јавни обвинители

Пратениците со 61 глас „за", без против и без воздржани на денешната седница ги избраа Иџет Мемети и Љупчо Ивановски за членови на Советот на јавни обвинители.

Покрај народен правобранител, Иџет Мемети е и поранешен министер за правда и поранешен уставен судија, државен советник во Владата, како и член на Државната изборна комисија.

Адвокатот Љупчо Ивановски бил заменик на општинскиот јавен обвинител во Скопје, а бил и заменик на народниот правобранител. Од 2006 до денес работи како адвокат.

Советот на јавни обвинители е самостоен орган кој ја обезбедува и гарантира самостојноста на јавните обвинители во извршување на нивната функција. Советот има својство на правно лице и е составен од 11 члена, од кои четворица членови на Советот ги избира Собранието на Република Македонија од редот на универзитетски професори по право, адвокати и други истакнати правници, од кои двајца се припадници на заедниците кои не се мнозинство во државата.

Мандатот на избраните членови на Советот трае четири години со право на уште еден избор.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе