Софија

Напнато во бугарскиот парламент, ГЕРБ дава зелено светло за европската иднина на Македонија и Албанија

Комисијата за надворешни работи на Народното собрание на Бугарија, согласно процедурата, денеска требаше да го разгледа предлогот на француското претседателство со ЕУ за деблокирање на европскиот пат на Северна Македонија, по што бугарската Влада ќе се запознае со деталите за да се види дали со предложениот документ се заштитени бугарските интереси, изјави за МИА шефицата на Кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков, Лена Бориславова. По процедурално барање на опозицијата, седницата на Комисијата за надворешни работи е одложена и можно е да продолжи денес подоцна. Опозицијата инсистира владата на Бугарија да го достави предлог заклучокот за укинување на ветото за Македонија и пратениците да дискутираат за владин формулиран предлог. Вечерва се очекува и гласање за доверба на владата на Кирил Петков. 

Бориславова во кусата изјава нагласи и дека Бугарија ја поддржува европската перспектива на Македонија и Албанија.

Коментирајќи ја најавата на поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов дека 59-те пратеници на неговата партија ќе го поддржат „францускиот предлог“ на пленарна собраниска седница, Бориславова изјави дека ГЕРБ може да го поддржи предлогот во „пленарната сала на Народното собрание на Бугарија“.

 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе