СИТУАЦИЈАТА НОРМАЛИЗИРАНА

Напливот на мигранти не стивнува, македонските таксисти нагрнаа во Гевгелија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Напливот на мигранти од грчките острови на македонската граница не се намалува. Од грчка страна постојано доаѓаат бегалци од Сирија, Авганистан, Ирак...

 

Денеска нивниот број е поголем од 7.600, а од грчка страна автобусите со бегалци чија последна станица е грчко-македонската граница не престанаа да доаѓаат.

Поради штрајкот на машиновозачите, повеќе стотици мигранти заминаа кон Табановце со автобуси и со такси-возила.

Во Гевгелија има таксисти од целата земја, а побарувачката е огромна.

За разлика од вчера, кога поради силниот дожд и привременото повлекување на грчката полиција се создаде огромен метеж на меѓуграничниот премин со Грција, денеска ситуацијата се нормализира.

Само во последниве четири дена бројот на илегалните мигранти во Грција е 175.000, соопшти Меѓународната организација за миграции (ИОМ).

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе