По изјавите на Заев

Наместо Бугарија да се извини, ние од старите споменици го бришеме зборот „бугарски“ пред „окупатор“ и „куршум“

Во Струмица уште пред четири години на споменикот на народниот херој Благој Јанков-Мучето беше избришан зборот „бугарски“ пред „куршум“. Од тогаш до сега, според изјавата на премиерот Зоран Заев, оваа „интервенција во историјата“ е направена уште дваесетина пати.

Премиерот Заев вчера овие интервенции по спомениците ги оправда со тоа дека „давањето етнички карактеристики на фашизмот е неприфатливо. Дали било тоа во бугарски или во кој било друг контекст. Во дел од плочите каде што пишувало бугарска фашистичка рака, куршум или слично, тие плочи се променети. На цела територија на државата, а најголем дел се спомен-обележја под надлежност на општините, согласно со Договорот за добрососедство и обврските преземени од него“, рече Заев.

Се обративме и до службата за информирање на Владата за тоа каде и кога се направени овие интервенции и по чија одлука, но одговор не добивме. Од Министерството за култура велат дека за тоа биле надлежни општините.

Еве што пишуваше на споменикот на Благој Јанков-Мучето во Струмица:

Тука во татков двор

кога последен јазел плетеше

со крв и свила на слобода

и ноќта кон ден ближеше

бугарски куршум го прободе.

 

Скрца и сви стебло вековно

чиниш непокорот здивнал заден здив

и родот негов ќе падне в плен,

но се исправи споменот за

Благој Јанков Мучето.

Ова е само дел од написите на спомен-обележјата од Втората светска војна поставени во земјава, а посветени на убиства и насилства врз македонското население сторени од тогашната бугарска власт во периодот од 1941 до 1944 година.

Мучето бил убиен од контрачетникот Манчо Калпаков, член на бугарските паравоени формации наречени контрачети, формирани од бугарските власти за борба против партизаните. Сега на неговиот споменик нема веќе „бугарски куршум“, има општо куршум.

Овие споменици во Македонија станаа само една од пречките за Бугарија да даде зелено светло за почеток на преговорите на земјава со Европската Унија.

Кои други, 20 споменици се „избрусени“ не се знае.

„Нема помирување без простување. Го повикувам бугарскиот премиер Борисов да го направи истиот чекор што го направи и Вили Брант во Полска. Да се поклони пред споменикот на стреланите младинци во Ваташа и да се извини за она што бугарската 'администрација' го направила во Македонија. Потоа да следува и смирување на страстите и полека да одиме на помирување и решавање на сите проблеми меѓу двете земји, кои се натрупале во минатото, вклучително и историските контроверзии“, реагираше искусниот дипломат Благој Зашов, амбасадор во Франција и Романија и член на кабинетот на Киро Глигоров.

А.Д.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе