Реакција

Наќе Чулев на Спасовски му одговори дека неговите пиони не дале никаква информација за криминал од меѓународни размери

Додека јас бев министер, ниту еден од пионите на Оливер Спасовски до мене не достави информација за каков било криминал од меѓународни размери. Напротив тие по негова насока правеа опструкции и вешто ги скриваа скандалите  правени од негова страна. Исто така,  дополнително ниту која било друга државна институција не ме информираше за наведениот скандал. Доколку сака вината во некого да ја побара тоа нека го направи во кадрите поставени од Владата и лично од него, му одговори претходниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев во реакцијата на денешната изјава на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

„По не знам кој пат Оливер Спасовски причината за своите катастрофални грешки, пропусти и нестручност ги бара во мене. Самиот тој е свесен, но не сака да признае  дека вината за големиот број скандали кои во континуитет го тресат МВР и државата е само во Оливер Спасовски и луѓето поставени од него.

Мојата улога како технички министер во Владата беше спроведување на парламентарните избори. Краткиот период и големите опструкции беа пречка да се расчистат сите криминали во кои се инволвирани највисоките структури  во МВР. За тоа допрва доаѓа времето. Убеден сум и верувам дека правдата ќе го стигне и него и секој кој постапувал спротивно на Законот, на тој начин изневерувајќи ја довербата на граѓаните и валкајќи го угледот на државата и уништувајќи ја нејзината европерспектива.

Доколку сака вината во некого да ја побара тоа нека го направи во кадрите поставени од Владата и лично од него.

Ги повикувам надлежните институции да проверат кој и зошто и за какви цели издавал лажни пасоши, затскривал меѓународни скандали и надлежните организациски единици во МВР да покренат постапки за дисциплинска одговорност за сите луѓе на Оливер Спасовски кои се дел од неговите незаконски шеми и бизниси, а свесно ги кршеле законските прописи“, вели Чулев во постот на својот фејсбук профил.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе