Распределени административците кои без работа земаа плата

Најмногу од вработените по Рамковен заминуваат во МВР, УЈП, Царина...

Најголем дел од вкупно 1.349 административци вработени по Рамковен договор кои со години не одеа на работа ќе бидат распределени во МВР, 143, а потоа во Управата за јавни приходи, 92, информираше денеска првиот вицепремиер, Артан Груби.

На денешната прес-конференција Груби рече дека се работи за прочистен список во кој нема лица коишто се водат како вработени, а се во странство. Овие 1.349 административци кои се водат како вработени во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците со кое раководи Груби, ќе бидат распоредени во 237 институции и органи на државната и локалната самоуправа.

Најголемиот дел се економисти и правници, но има и кадар со средно образование. Груби рече дека меѓу овие лица нема само Албанци, туку и Македонци, Роми, Турци, Срби и Бошњаци. Нивниот трансфер ќе се врши преку систематизација на работните места на исто ниво согласно условите што ги исполнуваат. Тие ќе треба во рок од 7 дена да си ги подигнат упатните решенија од Министерството за политички системи и односи меѓу заедници, а Груби

е убеден дека до крајот на следната недела ќе завршат со потпишување на актите за упатување, бидејќи бројката е голема и мора да се почитуваат протоколите за заштита од ковид-19 и дека овие луѓе ќе започнат со работа до крајот на јануари.

Овие лица, како што појасни тој, нема да имаат право веќе да бираат друго работно место, туку ова е единствената опција. Според предвидената процедура, тие ќе треба да дојдат во Министерството, да го подигнат упатното решение што веќе е потпишано од негова страна и да започне процедурата за префрлање во другата институција во која се распределени.

„Ако по кој било основ некој од нив не дојде да го земе решението во рок од седум дена тогаш на сите нив им се укинува работното место во Министерството за политички систем и се ставаат на трансфер листа во МИОА каде што веќе изборот не може да биде нивен. Тогаш МИОА ќе им нуди слободно место доколку има, а ако тоа се одбие им се укинува работниот договор“, рече Груби.

Трансферот на вработените од Министерството за политички систем, како што објасни тој, се врши преку систематизација на работното место на исто ниво за кое работникот ги исполнува општите и посебните услови утврдени со актот за систематизација на работните места во институцијата во која е пренесен.

„Врз основа на планот за распределба, институциите ја одобруваат одлуката за систематизација на вработените додека раководните лица во институциите се должни да започнат постапка за усогласување на актите за систематизација  на работните места во рок од 30 дена од одобрувањето на планот, рече Груби.

Министерството за финансии веќе дало целосна согласност за планот, додека МИОА е должно да даде согласност во рок од седум дена за промените во систематизацијата на институциите во кои се одвива трансферот на административните службеници. Органите на државната администрација во кои ќе бидат распределени административните службеници, се исто така должни да им овозможат стручна обука со цел да ги подобрат нивните знаења и вештини.

Ова се дел од институциите кои ќе преземат административци од К5 програмата кои беа споменати на денешната прес-конференција:

  • Министерство за внатрешни работи 143;
  • Управа за јавни приходи 92;
  • Државно правобранителство 74;
  • Царинска управа 74;
  • Управа за водење на матичните книги 41;
  • Државен пазарен инспекторат 35;
  • Агенција за заштита на личните податоци 30;
  • Агенција за катастар 29;
  • Министерство за надворешни работи 26;
  • Клиничка болница Тетово 25;
  • Министерство за финансии 25;
  • Центар за управување со кризи 24;
  • Фонд за здравствено осигурување 22;
  • Министерство за земјоделство 21;
  • Агенција за вработување 20;
  • Државен завод за статистика 15;
  • Фонд за пензиско и инвалидско осигурување 13;
  • Управа за имотно-правни работи 12;
  • Служба за општи и заеднички работи при Владата 12;
  • Државен архив 12;
  • Државен инспекторат за труд 12;
  • Министерство за информатичко општество и администрација 11;
  • Министерство за образование и наука/Биро за развој на образование 11;
  • Државен просветен инспекторат 10;
  • Министерство за транспорт и врски 10;
  • Агенција за храна и ветеринарство 10;
  • Дирекција за заштита и спасување 10;
  • Јавно претпријатие за државни патишта 10;
  • Основен суд Тетово 10;
  • Јавно обвинителство Тетово 10;
  • Клиничка болница Куманово 9;
  • Меѓуопштински центар за социјална работа – Гостивар 8;
  • Министерство за животна средина и просторно планирање 5;
  • Јавно обвинителство на РСМ Скопје 5;
  • Врховен суд 3;
  • Министерство за култура 3.

 

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе