Според нецелосните податоци од ДИК

Најмала излезност во Центар Жупа - 25,6%, најголема во Лозово – 76,59 отсто

Од обработени 94,86 отсто од гласовите излезноста во првиот круг од локалните избори е 48,99% или од вкупно регистрирани 1.824.864 гласачи, гласале 848.104, покажуваат досега обработените резултати од Државната изборна комисија.

Меѓу општините со најмала излезност се Центар Жупа (25,6%), Маврово и Ростуше (31%), Врапчиште (34,81%), Липково (35,7%), Боговиње (35,86%), Желино (36,6%), Гостивар (37,7%)...

Повеќе од 70 отсто излезност регистрирана е во општините Лозово (76,59%), Македонски Брод (73,29%), Дојран (73,15%), Новаци (72,71%), Конче (72,46%), Демир Хисат (70,29%)...    

 

 

 

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе