На седницата на ДИК беа преброени гласачките ливчиња и беше утврдено дека и навистна има едно ливче повеќе. Притоа, не бил прифатен предлогот на членот на ДИК Елизабета Постоловска за разрешување на Избирачкиот одбор и на Општинската изборна комисија поради вишокот ливче.
Членот на ДИК Јанакие Витановски оцени дека овој проблем не влијае на резултатите од гласањето во Штип и дека Избирачкиот одбор и Општинската изборна комисија ги имале преземено сите дејствија.
Постоловска исто така имаше забелешка и за семејно гласање на едно гласачко место во Штип и намерното прикривање, како што рече, од страна на Општинската изборна комисија. Рече дека иако бил побаран записникот за настанот, до денеска не бил доставен до ДИК.
ДИК на седницата го прифати Правилникот за критериумите за определување на надоместок за членовите на иборните органи и изборната администрација, само што овој пат средствата треба да бидат исплатени од локалната самоуправа.