Реакција

Најчевска: Законот за јазиците не смее да се употребува сѐ додека не биде направен попис

Објавувањето на Законот за употреба на јазиците воопшто не значи дека тој може веднаш да се примени во пракса. Пред да почнат да се менуваат називи и да се бара употреба на албанскиот јазик, треба да се докаже дека тие сочинуваат 20% од населението, пишува професорката Мирјана Најчевска во реакцијата по денешното официјализирање на важноста на Законот за употребата на јазиците.

„Процедурата за донесување на Законот е соодветна, што воопшто не го прави помалку несоодветен самиот закон... И ете – Законот е изгласан. И во него стои определбата: “јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните“. Во моментот кога во закон ќе бидат ставени бројки, тие мора и да се почитуваат. За да се почитуваат мора да се знае точно дали е навистина достигнат бараниот процент. За да се знае дали е навистина достигнат бараниот процент мора да се знае колкаво е точно населението во Република Македонија и дали има етничка/јазична заедница која го исполнува бараниот услов.

Ова не може да се базира на претпоставки (бидејќи е суштински елемент на Законот), туку мора да се измери. Со оглед на тоа дека во Македонија не е направен попис од 2002 година, во моментов нема релевантни податоци за тоа дали некоја од јазичните малцински заедници го исполнува условот предвиден во Законот.

Тоа значи дека Законот не смее да се употребува се додека не биде направен попис. Така е тоа кога во закон ќе ставиш прецизни бројки. Мораш до нив и да се држиш. Сѐ друго ќе биде политички волунтаризам и спротивно на одредбите на Законот“, пишува Најчевска на својот Фејсбук профил.

 

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе