Реакција

Најчевска до Шекеринска: Нема оправдување за ваквата иконографија

Професорката Мирјана Најчевска ја коментираше фотографијата на која министерката Радмила Шекеринска се сликаше под грбот на УЧК. 

„Истакнувањето на амблем на паравоена структура која учествувала во конфликт со меѓуетнички карактер, посебно во општина во која живеат луѓе од различни етницитети (кои биле дел од конфликтот) во најмала мера претставува поттикнување на меѓуетничко нетрпение и е спротивно на Охридскиот рамковен договор на кој уште се повикува власта и дури постои и министерство за спроведување на истиот.

Ова значи дека - не, нема оправдување за ваквата иконографија (доколку станува збор за општински простории).
И не - нема оправдување за фотографирање пред ваква иконографија на министер за одбрана (независно од тоа дали станува збор за државни или приватни простории).
Закон за употреба на знамињата на заедниците:
Член 8
Во единицата на локалната самоуправа во која живеат граѓани припадници на заедницата и се повеќе од 50% од населението во таа единица на локалната самоуправа, знамето на Република Македонија и знамето на таа заедница се истакнуваат на следниов начин кога:
– знамето на Република Македонија е истакнато заедно со знамето на заедницата и знамето на единицата на локалната самоуправа, знамето на Република Македонија се истакнува во средината, додека знамето на заедницата е два метра надесно, гледано однапред, а знамето на единицата на локалната самоуправа е два метра налево од државното знаме;
– знамето на Република Македонија е истакнато заедно со знамето на заедницата, знамето на заедницата е надесно, гледано однапред, од знамето на Република Македонија и
– се истакнати повеќе од три знамиња, знамето на Република Македонија ќе биде прво во редот.
Член 8-а
Знамето на Република Македонија се истакнува со други знамиња согласно со закон и е со поголема димензија од една третина од другите знамиња“, напиша Најчевска на својот Фејсбук профил.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе