Најави за укинување на бугарското вето нема, ама Македонија се надева на убава вест од Самитот на ЕУ

И покрај тоа што засега нема јасни најави за повлекување на ветото од страна на Софија, Македонија е ангажирана на постигнување решение со Бугарија за отворните прашања и сѐ уште се надева дека ќе слушне убава вест на претстојниот јунски Самит на ЕУ. Во Бугарија, пак, политичката криза по излезот на Има таков народ од владејачката коалиција предводена од премиерот Кирил Петков нови превирања, па и можност за нови предвремени избори.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во рамки на официјалната посета на Брисел, вчера имаше тет-а-тет средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на која било разговарано за дијалогот помеѓу Скопје и Софија, за европската перспектива на Западен Балкан, ситуацијата во Украина и последиците од неа.

„Од клучен интерес за сите е зачувувањето на стабилноста во регионот и ориентирањето кон уште поинтензивна соработка помеѓу земјите кандидатки и Унијата“, кажал на средбата Маричиќ.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, тој посочил дека е силна поддршката и посветеноста на француското претседателство за постигнување договор и деблокирање на нашиот евроинтеграциски процес. Воедно, на десет дена пред одржувањето на јунскиот самит и Конференцијата за Западен Балкан на француското претседателство, тој порачал дека е потребно максимално да се искористи времето за постигнување европско решение помеѓу Северна Македонија и Бугарија, кое со лидерство од страна на ЕУ ќе стави европски печат на иднината на регионот.

Претходно, Маричиќ одржа брифинг со претставниците на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан/ проширување (КОВЕБ/КОЕЛА), при што порача дека не смееме да го изгубиме овој моментум за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија.

„Наша стратешка цел останува членството во ЕУ, со целосна посветеност на реформите што ги спроведуваме на тој пат за трансформација на општеството во согласност со стандардите на развиените демократии на ЕУ, за подобар животен стандард за нашите граѓани, што всушност е целта на овој процес и членството во ЕУ“, рече вицепремиерот Маричиќ на брифингот, со барање за валоризација на веќе постигнато во делот на европската реформска агенда.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, пак, вели дека сѐ уште немаме постигнато формален договор со Бугарија, ниту пишан, ниту усмен, но оти сè уште има надеж за тоа да се случи.

„За секој проблем постојат решенија и токму за тие дискутираме. Но, некои од решенијата не ја добиле потребната потврда, затоа моментално немаме никаков договор со Бугарија, ниту потпишан ниту усмен. Но, мислам дека има сè уште надеж, има политичка клима за ова да се случи, доста работевме на ова и мислам дека во добар правец. Сите политички фактори во земјава сме на истата страна. На пример вчеравечер до рано изутрината преговаравме и разговаравме со бугарската страна и за тоа ги информирав и премиерот и претседателот на државата, сте сме на иста линија“, изјави Османи.

Бугарскиот премиер Кирил Петков при посетата на Велико Трново вчера предупреди дека доколку неговата земја влезе во серија избори, тоа ќе биде катастрофално и губење историско време. Тој коментира дека продолжуваат разговорите со многу луѓе, бидејќи идејата е секој да ја сфати големата одговорност што ја носи.

Опозициската ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, пак, објави дека ќе иницира гласање за недоверба на Владата на Петков. Како што изјави на прес-конференција заменик-претседателот на ГЕРБ, Томислав Дончев, гласањето во Народното собрание на Бугарија против премиерот Кирил Петков, ќе биде поради неуспехот на финансиската политика, а не поради Северна Македонија.

 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе