Конференцијата Самит на Западен Балкан

Надминување на спорот со Бугарија, најавува Османи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на панел дискусија насловена "Југоисточна Европа: Зајакнување на мирот и безбедноста во кревка глобална средина", во рамки на конференцијата Самит на Западен Балкан – "Промовирање на инклузивноста и солидарноста во Европа", што се одржува во Скопје, во организација на престижниот магазин "The Economist". На панелот, покрај министерот Османи се обратија и амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз и други високи претставници од регионот и академската заедница.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав гледа можност за надминување на спорот со Софија. Амбасадорката на САД, Брнз се надева на скоро решение.

Додава дека сите отворени прашања со Бугарија можат да се решат, но камен на сопнување во моментов е ќорсокакот во работата на мешовитата комисија за историски прашања.

Министерот Османи во своето обраќање ги истакна современите глобални предизвици како климатските промени, хибридните и саjбер закани, миграциските кризи, при што ја нагласи потребата од партнерски пристап и меѓусебна соработка на Македонија со Европската унија и другите земји од нашето регионално опкружување, во насока на нивно надминување и креирање на посилна Европа.

Воедно, ги истaкна чекорите преземени од страна на нашиот регион во насока на доближување кон Европската унија, преку формирање заеднички регионален пазар и направениот исчекор кон зелена и дигитална трансформација, што од своја страна придонесува за одржливиот развој на самата ЕУ.

„Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан оди рака под рака со кредибилната политика на проширување на ЕУ. Доколку нема напредок во однос на досието на Македонија оваа зима, тоа негативно ќе се одрази врз кредибилноста на ЕУ. Најевтината инвестиција за заживување на европската перспектива е преку преземање конкретни чекори кон секоја од земјите во регионот“, истакна Османи. 

Министерот Османи се осврна и на членството на Македонија во НАТО, оценувајќи го како успешен и заемно корисен пример за безбедноста на земјава и Алијансата. Земјаќи ги предвид бенефициите и постигнувањата од нашето присоединување кон НАТО, упати порака дека не постои дилема дека прогресот на нашиот пат кон ЕУ ќе биде од заемна корист за земјава, регионот и за Унијата како целина.

 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе