Нацрт законите за отворање на новите гранични премини меѓу Македонија и Грција во парламентот во Атина

Министерството за надворешни работи на Грција ги достави до грчкиот Парламент двата нацрт закони по потпишаните договори во Скопје за отворање на нови гранични премини меѓу Македонија и Грција, едниот кај Мајден, другиот кај Маркова нога. Во вториот закон се вклучени членови и за подигнувањето на Канцеларијата за врски во Скопје на ниво на амбасада и на Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Битола на ниво на Генерален конзулат.

Едниот предлог закон, како што јавува МИА од Атина, е под наслов „Ратификација на Договорот меѓу Република Грција и Република Северна Македонија во врска со воспоставување нов граничен премин меѓу двете земји, што ќе ги поврзува Промахи во Република Грција со Мајден во Република Северна Македонија”, а вториот под наслов „Ратификација на Договорот меѓу Република Грција и Република Северна Македонија во врска со воспоставување нов граничен премин во регионот на Преспанското езеро и други одредби”.

Нацрт законите, во текот на следната седмица, прво ќе се разгледаат на надлежната Комисија за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент, а потоа ќе бидат доставени за ратификација на пленарна седница во Парламентот.

Нацрт законите доставени во грчкиот парламент, кои во посебни членови ги вклучуваат потпишаните договори во Скопје, едниот на 8 март 2019, другиот на 2 април 2019, се потпишани од министрите за надворешни работи Јоргос Катругалос, за цивилна заштита Олга Геровасили, финансии Евклидис Цакалотос, транспорт и врски Христос Спирѕис и алтернативната министерка за надворешни работи Сиа Анагностопулу.

Согласно потпишаните договори, за изградбата и отворањето на граничниот премин кај Мајден ќе се користат фондови од ЕУ, а во договорот за граничниот премин кај Преспа, вклучени се и членови за подигање на нивото на Канцеларијата за врски во Скопје во амбасада и на Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Битола на ниво на Генерален конзулат.

Според двата потпишани договори во Скопје, предвидено е да се формира заедничка Комисија на експерти од двете земји со најмногу девет претставници од секоја страна кои ќе бидат надлежни за техничките и правните теми, за функционирањето на граничните премини и за други прашања од заеднички интерес поврзани со спроведувањето на договорите.

Во рок од 30 дена од стапувањето на сила на договорот, двете страни по дипломатски пат ќе ги разменат листите со членовите на Комисијата, која за прв пат ќе се состане во рок од три месеци по стапувањето на сила на договорот, а ќе одржува состаноци на секои две години.

Ваква комисија е предвидена и за граничниот премин кај Мајден и за граничниот премин кај Маркова нога.

Нацрт законот „Ратификација на Договорот меѓу Република Грција и Република Северна Македонија во врска со воспоставување нов граничен премин меѓу двете земји, што ќе ги поврзува Промахи во Република Грција со Мајден во Република Северна Македонија¨”, содржи три члена, а нацрт законот „Ратификација на Договорот меѓу Република Грција и Република Северна Македонија во врска со воспоставување нов граничен премин во регионот на Преспанското езеро и други одредби”, има седум члена.

За стапување на сила на договорите, предвидена е истата процедура како и за останатите грчки закони, односно гласање во Парламентот, објавување во Службен весник и издавање Претседателски декрет, потпишан од грчкиот претседател. 

 

 

 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе