Треба да се усвојат утре

Нацрт заклучоци на ЕУ: Почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија

ЕУ одлучува да започне преговори со Северна Македонија и Албанија, пишува последниот нацрт заклучок на Советот на ЕУ кој треба да биде усвоен утре, јавува МИА од Брисел.

Текстот на заклучоците, кои можат да претрпат мали промени по министерскиот состанок кој ќе се одржи утре, гласи: „Откако го разгледа извештајот на Европската Комисија за напредокот на Северна Македонија од 2 март 2020, Советот го поздравува тоа што земјата покажа одлучност во напредокот на ЕУ агендата и испорача опипливи и одржливи резултати.

Со оглед на остварениот напредок и исполнувањето на условите поставени едногласно од Советот во јуни 2018, Советот одлучува да отвори преговори со Република Северна Македонија“, се вели во текстот.

Одлуката треба да биде политички потврдена на Европскиот Совет в четврток.

Нацрт заклучокот предвидува првата Меѓувладина конференција да се одржи “што е можно поскоро“, без конкретен датум засега.

Советот нотира дека Европската комисија ќе ја започне веднаш подготвителната работа, што подразбира поставување на преговарачка рамка.

Албанија, од своја страна, има сличен заклучок, но со неколку услови повеќе за одржувањето на првата Меѓувладина конференција.

Министрите утре најверојатно ќе одржат видеоконференција поради пандемијата на Ковид-19, а процедурално тоа може да го забави конечното носење на одлуката.

МИА

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе