На земја заврши дел од фасадата на Владата вредна 8 милиони евра

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев, објави фотографии на неговиот Фејсбук профил на кои се гледа дека дел од горниот дел од фасадата на владината зграда паднал во тревникот кај објектот. Најголема штета е видлива кај украсните елементи, на ѕидот на една од кулите. Криминалот на режимот на ДПМНЕ уште го плаќаме", напиша Богоев. Од фасадата на Владата отпадна големо парче од стиропорот кој беше платен 8 милиони евра.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе има донесено Наредба за спроведување на истражна постапка за фасадата на зградата на Владата. Опфатени четири лица кои ја злоупотребиле својата положба и овластување при реализација на договорот за изведување на градежни работи.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе