На судењето за „Тарифа“ продолжи сослушувањето на сведоците

Жарко Миленковски, сопственик на фирмата која учествувала како партнер во конзорциумот за набавка на софверот за ЕЛЕМ, е еден од сведоците кои се сослушува на судското рочиште за случајот „Тарифа".

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за предметот „Тарифа“ на СЈО во кој обвинети се поранешниот генерален директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски и уште други две лица.

Миленковски рече дека неговата фирма требало да учествува во импелементација на модулот за менаџмент на документацијата на системот.

Судењето што го води судијката Софче Гавриловска Ефремова денеска го следи преставник на амбасадата на САД.

Дејан Бошковски и другите двајца обвинети се товарат за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија ЕЛЕМ, вреден околу четири милиони евра.

Обвинителите на СЈО рекоа дека ќе докажат оти тројцата обвинети ја злоупотребиле службената положба и овластувањето. Обвинетите пак се изјаснија дека не се виновни.

Според обвинението на СЈО, обвинетите ја злоупотребиле службената положба и овластувањето во постапка за јавна набавка на софтвер – „ЕРП систем“. Обвинетите со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе