На судење во Србија, српски мафијаш сведочел дека за македонски пасош се плаќало по 30.000 евра

Роко се викал македонскиот државјанин кој, според изјави дадени во Специјалниот суд во Белград, наплаќал по 30.000 евра за македонски пасош, јавуваат денеска српските медиуми во извештаите од сведочењето на сведокот Срѓан Лалиќ во судскиот процес против Веља Невоља и кавачкиот клан.

Денеска во Специјалниот суд во Белград продолжи судењето против кланот на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ.

„Во една куќа во Земун однесов пари за превоз во Турција, еднаш му однесов 30.000 евра за пасош за Марко Божиќ. Лицето кое било контакт за пасоши за С. Македонија е лице со прекар Роко. Напоменав дека групата се занимавала со дистрибуција на дрога, обезбедување”, изјавил Лалиќ пред Специјалниот суд во Белград.

Аферата „Двојник“ во Македонија се однесуваше токму на издавањето на 215 македонски пасоши на познати бандити, наркобосови, криминаци, убијци, шефови на кланови од регионот и од светот во време кога министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски.

Судскиот процес за оваа афера заврши само со пресуди за неколку службеници во МВР.

Судијката која го судеше овој случај, Оља Ристова во август изјави дека очекувала дека обвинителството ќе продолжи со предистрага и истрага за организаторите на криминалната шема на издавање пасоши. Од обвинителството за МКД.мк тогаш потврдија дека не се води постапка бидејќи нема докази против лица кои биле организатори во шемата со издавањето на патни исправи на криминалци со украден идентитет од граѓани.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе