На спортскиот аеродром „Стенковец“ отворен ден за приказ на воздухоплови

На спортскиот аеродром „Стенковец“ во Скопје денеска ќе се одржи Отворен ден за приказ на воздухоплови како дел од вежбата „Swift Response 22“ која во моментов е во тек на армискиот полигон „Криволак“.

На Отворениот ден ќе присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал Васко Ѓурчиновски, амбасадорката на САД Кејт Брнз и амбасадорката на Обединетото Кралство,Рејчел Галовеј.

За време на отворениот ден во периодот од 10 до 16 часот, граѓаните ќе можат одблиску да видат дел од воздухопловите кои се активни за време на вежбата, а прелет ќе направат и авионите од тимот A-10 Thunderbolt II и F-16.

Дополнително, на отворениот ден присутните граѓани ќе можат да се запознаат со воената професија, начините за вработување во Армијата, ќе можат да се фотографираат со војници на Армијата, како и да се запознаат со содржините на магазинот на Министерството, „Штит“.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе