СЕ РАСПЛЕТКУВААТ СОМНЕЖИТЕ ЗА ПОТКУП

На случајот „Актор“ за поткуп на македонски функционери работат органи од три земји

Oд Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција велат дека за случајот „Актор“ ги преземаат сите неопходни активности за прибирање на податоци за утврдување на околностите. Обвинителството од Европската канцеларија за борба против финансиски измами (ОЛАФ) добило известување дека истрагата е завршена и дека постојат индиции за сторени кривични дела и резултатите од нивната истрага се доставени до надлежните органи во Македонија и Грција. Случајот на конференција за медиуми го отвори СДСМ во 2014 година.

Основното јавно обвинителство информира дека доставиле и ургенција до надлежните органи на Република Грција за доставување на прибраните докази од нивна страна, а одговорено било и на барањето од ОЛАФ за некои податоци.

Во 2014 година тогаш опозициската СДСМ тврдеше дека преку грчката компанија „Актор“ која го гради патот Демир Капија – Смоквица се изнесувале милионски суми во кеш.

Грчките медиуми вчера јавија дека Европската агенција за борба против корупција (ОЛАФ) утврдила перење на пари во вредност од 50 милиони евра за што била и изречена соодветна казна за компанијата „Актор“ , а грчките власти покренале и истрага за наводен поткуп на официјални претставници во Македонија за да го добијат  тендерот.

„Скандалозното непостапување на Марко Зврлевски кој ја зароби правната држава се покажа на дело со извештајот на ОЛАФ, Европската агенција за борба против корупцијата, по што е покренато обвинение против фирмата Актор за перење пари и проневера при изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица“, соопшти вчера СДСМ.

Грчката градежна компанија во 2012 година го доби тендерот за изградба на автопат во должина од 28 километри вреден 257 милиони евра, од кои 130 милиони евра се средства од Европската инвестициона банка, 70 милиони се заем од Европската банка за обнова и развој, 45 милиони се грант од ИПА фондовите на ЕУ, а Македонија обезбеди шест милиони евра.

Измамата, според обвинителот, е против интересите на Европската Унија, објави вчера грчкиот весник Катимерини.  

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе