Термо-камерата скенира

На скопскиот аеродром не пристигнале патници со коронавирусот (ФОТО)

Веќе четврти ден на скопскиот аеродром е поставена термо-камера која треба да регистрира сомнителни патници со покачена телесна температура. Досега не се регистрирани такви патници, ниту, пак, имало лажна тревога, патник со симптоми на обичен грип. 

 

Дежурната екипа на Центарот за јавно здравје денес ги пречека патниците со летот од Дубаи, а се проверуваат и оние кои доаѓаат од Истанбул.

Министерот за здравство, венко Филипче, кој денеска беше на скопскиот аеродром вели дека точно се знае што ќе се прави со секој сомнителен патник кој ќе стигне на Меѓународниот аеродром-Скопје. 

„Доколку има пациенти кои имаат одредени симптоми на коронавирусот постои јасно одреден алгоритам како се постапува со изолација, со мониторирање итн. Патниците кои доаѓаат од Кина и немаат симптоми се упатуваат на домашен мониторинг во период од две недели колку што трае инкубацијата и ќе добијат телефони од Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом во Скопје, Институтот за јавно здравје на кои ќе може да се јават за да ги контактираат лекарите со цел да не бараат здравствена помош во институциите, за да се спречи евентуално ширење на заразата”, изјави Филипче. 

Тој заедно со директорот на Центарот за јавно здравје во Скопје, Арбен Зибери денеска на аеродромот ја посетија лекарската екипа која врши скрининг на патниците.

Филипче појасни дека се прави скрининг со термалната камера за евентуална детекција на потенцијални патници кои биле во контакт со луѓе заразени од вирусот или доаѓаат од поширокиот регион на кинескиот град Вухан, кој е затворен, како и аеродромите во него. 

„Се обезбедивме од неколку страни. Имаме практично секојдневна комуникација со Управата за цивилно воздухопловство која има директен линк со авиокомпаниите и ни укажуваат однапред дали на овие летови кои доаѓаат од овие две дестинации може да очекуваме патници кои доаѓаат од Кина. Такви патници засега во нашата земја не се дојдени, ниту пак има со овој лет што сега стигнува од Дубаи, меѓутоа за секој случај ќе се спроведе скринингот”, рече Филипче. 

Одговарајќи на новинарско прашање тој истакна дека веќе контактирале со луѓето кои ја одржуваат термалната камера, да бидат спремни да добијат и повеќе термални камери и повеќе материјали за заштита во смисла на заштитни скафандери и се што треба за да бидат однапред подготвени. 

Директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Зибери изјави дека досега немало ниту една индикација дека треба да преземат нешто повеќе. 

„Екипи на Центарот за јавно здравје веќе четврти ден се тука. Сите патници се без симптоми и се надевам дека и натаму нема да имаме нешто посериозно”, додаде Зибери. 

Фото: Роберт Атанасовски

 

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе