Софија изолирана, ама не попушта

На сите ни е преку глава од бугарската позиција за Македонија, вели дипломат од ЕУ за „Политико“

На вчерашниот Совет за општи работи на ЕУ имаше голем спор околу проширувањето на Унијата, а Бугарија остана изолирана, пишува бриселски „Политико“, повикувајќи се на изјави од неколкумина дипломати.

Според „Политико“, по германското претседателство со ЕУ, Португалското е второ кое не успеа да отвори меѓувладина конференција со Албанија и со Северна Македонија поради бугарската блокада предизвиката од внатрешни историски причини кои „остатокот од клубот не ги разбира“.

„На сите ни е преку глава бугарската позиција за Северна Македонија. Тоа е несфатливо, неодбранливо и го дестабилизира Западен Балкан. Бугарија губи пријатели со голема брзина“, изјавил висок дипломат за „Политико“.

Според порталот, интервенирале многумина, и од регионот и пошироко, од големи и мали земји, од северот и југот, наведувајќи ги геополитиката, стратешкото размислување и едноставниот факт дека имаат намера да го одржат својот збор до двете земји како причини зошто овие разговори треба се одржат. Но, се разбира Бугарија се оглуши на тоа.

Притоа се споменува и дека германскиот министер за ЕУ, Михаел Рот, се огласи на Твитер во надеж дека јавниот повик ќе помогне. Но, не помогна.

„Ве молам. Билатералните прашања нека се третираат билатерално, без да се блокира целата ЕУ да се движи напред. Да размислуваме стратешки… немаме интерес да оставиме стратешки вакуум таму. Ви благодарам“, напиша Рот.

 

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе