Сите информации поврзани со активностите на Груби на оваа интернет-страница се објавуваат само на албански јазик. А целосното име на неговото министерство е - Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.
Уште еден мал детаљ од комуникацијата на кабинетот на Артан Груби. Официјалните известувања за Министерството за политички систем медиумите ги добиваат од мејл-адреса – First Deputy PM, или, во превод, „прв заменик премиер“. Инаку неговата официјална титула е заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.
На интернет-страницата на Министерството за политички систем на македонски јазик е само логото од Министерството.
А.Д.