24 Часа.бг пренесува

На сајтот на бугарското МВР не фигурира валиден документ со бројот на бугарски документи на Арсовска, што денес го објави Петровска

При направена проверка на бројот кој денес го објави Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ која покажа и факсимил од овој документ, утврдено е дека документот со број [6469489279] на лице со датум на раѓање 20.12.1979 не фигурира на сајтот на валидни документи во МВР во Бугарија, пренесува 24 Часа.бг.

Бугарскиот портал пишува дека во Скопје веќе два дена се зборува за скандал со бугарски призвук. „Објавена е копија од лична карта на која е напишано името Даниела – со разлика од една буква. Според оваа копија од личната карта, овој документ е издаден во мај 2017 година со адреса во Петрич и датум на важење до 2027. Нашиот репортер направи проверка на интернет страницата на МВР за бугарските документи. Бројот на личната карта кој е објавен во Скопје (6469489279) на лице до датум на раѓање на 20.12.1979 не фигурира на списокот на валидни лични бугарски документи“, пишува 24часа.бг.

Денеска пратеничката на СДСМ Славјанка Петревска објави дека Данела Арсовска има и бугарска лична карта. Граѓаните на Скопје бираат градоначалник, а не кмет, изјави денеска Петровска.

 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе