„СЕКОЈ ДЕН ВО ШЕСТ“

На протест пред Влада граѓани порачаа: Доста е! (ФОТО)

Трагичните настани по болниците и смртта на родилките, загинатите граѓани по патиштата, лошите искуства и реформи во образованието, длабоката политичка криза... беа дел од причините кои ги понесоа граѓаните да излезат вечерва на протест пред Влада и да побараат правда - одговорност од власта и институциите. 

 

Пред владиниот објект ечеше „Доста беше молк“, „Убијци“, „Оди си Никола“, „Оди си Тодоров“... Дел од луѓето свиреа, викаа „Уааа“, се слушаше и „Секој ден во шест“, а истовремено зградата будно ја чуваа ангажирани полицајци.  

Демонстрантите претходно се собираа преку социјалните мрежи. Пред Владата кај „Илинденска“ се споија две групи. Дополнително им се приклучија активисти, луѓе од различни здруженија, граѓани од повеќе генерации незадоволни од актуелните случувања...

Левичарското движење „Солидарност“ повика за протест под мотото „Доста е!“. Од таму потенцираа дека додека еден живот завршува на пешачки премин на зелено, друг од страна на пијан лекар, а десетици други се од дозволени и неказнети грешки. Од движењето прашаа „Уште колку загубени животи треба да се случат за надлежните да понесат одговорност и да ги напуштат функциите како чин на морална одговорност?“

„Јас сум тука и ужаснат сум со тоа што се случува со македонското здравство. За три дена, две родилки умираат со своите новороденчиња. Тоа за мене е ужасно! Ако зборуваме за правда, мора да има некој што ќе ја осигура таа правда, односно да е одговорен за таа правда, институции кои треба да менаџираат со ова општество. Одамна забегаа сите работи, особено со здравството и образованието. Го искасапија образованието, а своите деца ги носат на најелитни факултети. Го искасапија здравството, а се лечат по приватни здравствени институции во странство. Најдобрите студенти по медицина ги испратија надвор од државата, а вработија партиски печурки. Наместо тоа, сакам да добијам ефективна правда – најдобрите студенти по медицина да останат тука и да работат во сервис на граѓаните, а не граѓаните да го сервисираат јавното здравство“, рече пред присутните активистот Мерилен Демири.

Демири му предложи на насобраниот народ да доаѓа тука постојано, секој во шест часот со цел „да дадеме пример како треба да изгледааат оние институции кои тие ги искривоколчија“.

На протестот беа присутни и граѓани кои преку социјалните мрежи се организираа преку иницијативата „Граѓани на нозе“. И тие ја прифатија идејата да се доаѓа секој ден во шест. Побараа одговорност од власта, слободни и функционални институции. Велат, доволно други ја кројат нивната иднина.

„Граѓани на нозе, секој ден во шест! Бидејќи тие преговараат за себе, а не преговараат за нас. Ни го порекнуваат нашето минато, а ја загрозуваат иднината. Нивниот интерес не носи во бездна од која нема враќање. Овде сме бидејќи својата лична слобода ја идентификуваат со поробувањето на целата држава. Овде сме бидејќи не прифаќаме изолација. Овде сме затоа што одговорните се оперирани од одговорност. Затоа не прифаќаме тие да одлучуваат што е добро за нас, да им кажеме дека ни е доста и дека нема да ја преминат црвената линија. Секој ден во шест!“, рече активистот Дарко Малиновски.


Б.Ш.

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе