На престојните избори ќе нема независни листи на пратеници

На полноќ истече рокот за собирање потписи за независните листи и според податоците од Државната изборна комисија на претстојните парламентарни избори ќе нема ниту една независна листа на пратеници, бидејќи не е исполнет условот за илјада потписи.

ДИК информира дека  ниту од шестмина независни носители кои се пријавија до истекот на рокот, ниту еден не собрал повеќе од 553 граѓански потписи од потребните илјада.

Најмногу потписи, 553, собра листата на група избирачи предводена од Горан Тасковски, во Изборната единица 5.

Другите носители на независни листи беа Емилија Гелева, Игор Цветковски, Зоран Мијалков, Петар Котевски и Исмаил Бојда.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе