За предлогот гласаа тројца советници на ВМРО-ДПМНЕ, тројца на СДСМ и советникот Иванов. Против беа советниците ЛДП-ДОМ и независниот, велат од ТМРО.
„Тргнувајќи од историскиот факт дека Република Македонија 1991 е конституирана како матична држава на македонскиот народ, наша должност како Македонци е да го чуваме и негуваме македонскиот идентитет и обележјата на секаде, вклучително и општините. Очекуваме советниците да го изгласаат македонското 16-крако сонце за знаме на Општината или во спротивно со референдум тоа ќе го направат жителите“, пишуваше во предлогот на ТМРО.
Очекуваме и останатите совети на општините да донесат исти одлуки и македонските општини да го вратат македонскиот национален симбол, вели Ванчо Шехтански, претседател на ТМРО.