Атина

На потпишувањето на договорот за името поканети се и Гутереш, Нимиц, Могерини и Хан

Грчкиот весник „Ефимерида" пишува дека потпишувањето на договорот за името меѓу Македонија и Грција ќе се случи на 16 јуни, сабота, во Преспа. Според весникот, на овој настан покани биле испратени и до генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, до медијаторот Метју Нимиц и до Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан.

Предвидено е договорот да го потпишат шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, а во Преспа ќе допатуваат и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. Во зависност од тоа како ќе помине средбата на Ципрас со лидерите на политичките партии во Грција и неговото обраќање во парламентот, можно е потпишувањето да биде одложено за в недела, 17 јуни.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе