Министерката за одбрана Славјанка Петровска на вчерашниот брифинг рече дека за Министерството и за Армијата е голема чест што се домаќини на ваква вежба и изрази убедување дека припадниците на македонската Армија и на МО ќе го покажат тоа што најдобро го знаат и умеат.
„Целта на оваа вежба има два аспекта. Тоа е подготвеноста на македонската Армија за вакви комплексни вежби што ги изведуваме заедно со сојузниците, при што се покажува нејзината подготвеност, нивото на операбилност, но и начинот на кој се соработува со армиите во рамки на НАТО. Второ, што е исто така значајно за нашата држава, ги покажува капацитетите и способностите на тренинг центарот Криволак“, рече Петровска, додавајќи оти Криволак е сериозен тренинг центар, на кој сите членки на Алијансата ќе ги користат неговите поволности.
На спортскиот аеродром Стенковец, пак, на 8 мај – недела во период од 10 до 16 часот, се организира отворен ден за граѓаните, каде ќе бидат изложени сите воздухолови кои учествуваат во вежбата, а тоа се 45 најразлични воздухоплови, авиони и хелкоптери. Ќе бидат изложени воздухопловите на Армијата и МВР. Додека на 12 мај ќе биде отворениот Ден за високи гости.