Претседателски избори 2019

На огласот на СДСМ за претседател на држава се пријавиле четворица кандидати

Тони Петровски, Божидар Ночев, Ѓорѓи Филипов и Игор Поп Трајков се четворицата кандидати што се пријавиле на огласот што го распиша СДСМ за претседател на државата, потврдија од СДСМ за МКД.мк.

58-годишниот гостиварец Тони Петровски, дипломиран правник и долгогодишен член на СДСМ бил вториот кандидат на огласот што го распишаа социјалдемократите. Инаку, досега беше познато дека само амбасадорот Ѓорѓи Филипов се пријавил на огласот.

Петровски бил управител на Бирото за правни интелектуални услуги ТКМ, еден е од основачите на Агенцијата за разузнавање, а последното работно место му е инспектор-советник во Инспекцискиот совет на Македонија. Бил технички секретар на ЦК на СКМ, а сега активен член на СДСМ.

Тони Петровски

Според правилникот за утврдување на кандидат на СДСМ за претседател на Република Македонија, предлог листата требаше до 21 февруари да биде доставена до ИО на ГО на СДСМ.

 

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе