ОБРАЗОВАНИЕ

На меѓународното ПИСА тестирање на ученици, македонските 15-годишници на дното

Македонија е рангирана меѓу последните земји по знаење на учениците на 15-годишна возраст, според меѓународното тестирање ПИСА, реализирано од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Резултатите по јазична писменост, математика и природни науки за 2015 година се објавени денеска, а покажуваат дека полоши од македонските ученици се само косовските и оние од Алжир и Доминиканска Република.

Најдобри резултати покажале учениците од Сингапур, Јапонија и Естонија, по што следат Тајван, Финска, Макао, Канада и Виетнам.

Македонија по втор пат учествува во ПИСА-тестот. Првиот пат , во 2000 година, исто така постигнувањата на учениците во земјава беа меѓу најслабите, но овој пат е уште полошо. Така на пример, постигнувањата на учениците по математика се намалиле од 381 во 2000 година на 371 во 2015 година. По природни науки од 401 во 2000 на 384 во 2015 година.

Меѓународното тестирање ПИСА е една од најчесто користените алатки во светски рамки за мерење и оценување на практично применливото знаење на учениците во образовниот систем во матичната земја. Оценувањето се спроведува во повеќе од 60 држави од целиот свет и го реализира Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД на секои пет години. Знаењето и способностите на учениците се мерат во три подрачја и тоа способеност за читање со разбирање и критички пристап во читањето на пишаните материјали, математичка писменост и писменост во природните науки.

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе