На Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа 67 граѓани на Авганистан

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска пристигна група од 67 граѓани на Авганистан, вработени во организациите Национален демократски институт и Националната фондација за демократија и членови на нивните семејства, соопштија попладнево од Владата. Како што додаваат од таму, по слетувањето беше спроведена стандардната процедура со безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест.

„Продолжувајќи ја својата активна улога на солидарна земја, Северна Македонија им обезбеди привремен престој до заминување во трета држава. Ова е дел од меѓународната операција за помош на демократското авганистанско население кое е во опасност од талибанските власти. Цивилите ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од меѓународните организации“ соопштуваат од Владата. 

Во Македонија во моментов престојуваат 579 авганистански граѓани на кои институциите им ја пружаат потребната поддршка и помош.

Од земјава до сега заминаа 141 цивил на кои траен престој им обезбедија повеќе држави низ светот.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе