Илинден

На Мечкин Камен исвиркана владината делегација

Владината делегација на прославата на Илинден на Мечкин Камен беше пречекана со извикувања „Македонија, Македонија“, „Никогаш северна, само Македонија“ и свиркања од малубројните посетители на Гумење, Крушево.

„Ова е место за херои, не за предавници“, „Никогаш северна, само Македонија“ , викаа присутните кон владините функционери. „Не е така како што беше порано“, изјави еден од посетителите на Мечкин камен. „Имаме чувство како да сме на погреб, како да не е празник, мислам разбираме дека целата ситуација не е за ова, но можеле барем музика да има, да се потрудат од власта да се одбележи подостоинствено празникот“, изјави една од присутните за ТВ Сител.

Еден од граѓаните забележа дека има големо присуство на полициски службеници.

Фото: Фокус

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе