БЕГАЛСКА КРИЗА

На македонската граница ќе можат да патролираат странски полицајци, но не и странска војска

Вечерва во Минхен македонскиот претседател Ѓорге Иванов ќе има средба со министерот за одбрана на Австрија на тема мигрантско-бегалска криза. Денеска шефот на австриската дипломатија во Скопје порача дека неговата земја е подготвена во Македонија да испрати и војска и полиција за да помогнат во решавањето на очекуваниот пролетен наплив од бегалци и мигранти.

Од она што можеме да го дознаеме од македонските власти, предлогот за можно испраќање војска од друга земја на македонска територија не е баш најсоодветен и најдобродојден. Eдноставно, такво воено присуство е несакано. Високи армиски извори брифираат дека во секој момент, ако се процени неопходноста, за најмалку еден час на македонско-грчката граница можат да се испратат и повеќе од 1.000 војници на АРМ.

Себастијан Курц, министерот за надворешни работи на Австрија денеска во Скопје, на заедничката конференција за печатот, рече дека во зависност од бројот на бегалците што ќе се концентрираат на македонско-грчката граница, можно е отворање на дополнителни прифатни центри и во Грција и во Македонија.

На ова одговорот на неговиот македонски колега беше дека нови кампови за прифаќање на бегалците може да бидат отворени само ако така одлучат македонските власти.

„Колку што Европа ќе искаже подготвеност да прими одреден број на бегалци, толку ние ќе пуштаме во Европа, а потоа ќе ја блокираме границата“, рече Попоски.

Сите македонски државни институции се согласни дека во Македонија можат да бидат прифатени само 2.000 бегалци, кои во земјава ќе можат да останат најмногу 72 часа.

Македонија без никакви резерви ги прима полицајците од пријателските европски земји кои доаѓаат на македонската јужна граница да помогнат во спроведувањето на целата процедура за прием, контрола, селекција и регистрација ја бегалците и мигрантите кај преминот кота 59.

А.Д.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе