ДИК вечерва го заклучи Избирачкиот список

На локалните избори ќе може да гласаат 1.824.864 граѓани

Вкупно 1.824.864 граѓани имаат право на глас на претстојните локални избори, кога ќе се гласа за нови градоначалници и членови на советите на 80 општини во земјава и градот Скопје. Државната изборна комисија (ДИК) вечерва го заклучи Избирачкиот список, согласно член 52 од Изборниот законик и промените/ажурирањата што произлегоа од јавниот увид во податоците на списокот.

Како што соопшти потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, од вкупниот број гласачи, во изводите на Избирачкиот список се запишани 1.740.147. Во посебните извори од Избирачкиот список за лица кои се на привремена работа или престој во странство се запишани 82.461 гласач, на издржување казна затвор или се во притвор се 1.899 гласачи, во установи за вонсемејно сместување се запишани 351 гласач и во посебниот извод на Избирачкиот список за раселени лица има шест гласачи.

 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе