И СТО ГОДИНИ ПОТОА БЕЗ ПОМИРУВАЊЕ

На Кајмакчалан сите ги слават своите војници освен Македонците

Месецов на врвот на Ниџе планина се отвори нов фронт. Сто години по епопејата на Кајмакчалан се отворија старите историски рани од поделбата на Македонија.

На врвот Кајмакчалан на 16 септември висока српска делегација им оддаде почит на загинатите српски војници. Пред нив, уште во мај неколкумина бугарски војници поставија спомен плоча, пред која на 20 септември се поклонија претставници на бугарската и на грчката армија. На овие чествувања не присуствуваше ниту едно официјално лице на Македонија. Пред три дена новинарот Миленко Неделковски ја скрши таа спомен плоча во знак на револт, што предизвика официјални реакции од Софија.

Месецов, на стогодишнината од битките од Првата светска војна, на Кајмакчалан немаше ниту една официјална делегација на Македонија, ниту пак таму има некакво спомен обележје за македонските жртви. Македонците тука никој не ги споменува ни како победници, ниту како поразени. Тие гинеа како војници од двете страни на фронтот за војските кои сакаа да грабнат колку што може поголемо парче од Македонија.

Заедничко чествување

По реакциите и на бугарското и на македонското министерство за надворешни работи се отвори идејата за оддавање почит и на загинатите Македонци кои биле мобилизирани во туѓи армии на Кајмакчалан. Досега такво чествување на загинатите Македонци кои служеле во туѓите армии, се разбира не по своја воља, не се одржало. На таков еден чин треба да се поканат и претставници на Републлика Србија,  Република Бугарија и на Грција кои заеднички со државните претставници на Македонија ќе положат венци пред споменикот.

Ова истовремено би требало да подразбере и барање до Србија за да обезбеди да се врати спомен обележјето на манастирот Прохот Пчињски и да им се овозможи на Македонците на 2 Август, тука, на местото на одржувањето на заседанието на АСНОМ да положуваат цвеќе.

На Кајмакчалан се бореле 220 илјади Македонци

Пред сто години на Kајмакчалан се воделе најжестоките борби на Солунскиот фронт во Првата светска војна.

Во војските на Бугарија и на Србија биле мобилизирани и многу Македонци, најмногу од месното население во Мариово, но и од цела Македонија. Според некои податоци, во војските што војувале меѓу себе за територијата на Македонија биле мобилизирани повеќе од 220.000 Македонци.

Според некои податоци во бугарската војска биле мобилизирани 134 илјади Македонци, во српската 65.000, а во грчката војска - 20.000 Македонци.

Врвот Kајмакчалан, највисокиот врв на планината Ниџе со 2. 521 метар, во текот на Првата светска војна бил една од клучните позиции на Македонскиот фронт. Битката на Kајмакчалан останала запаметена во историјата по големиот број жртви на двете страни, односно бугарските и српските војски кои биле стационирани на овој дел на фронтот. Битката за Kајмакчалан е водена од 12 и 30 септември 1916 година кога Првата српска армија успеала да го заземе врвот протерувајќи ги Бугарите кон Црна Река каде што поставиле нова одбранбена линија.

Веднаш по заземањето на Kајмакчалан, српската војска почнала да гради споменик, кој подоцна, во 1928 година, бил претворен во црква, осветена заедно со костурницата во која се собрани коските на дел од загинатите војници.

А.Д.

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе