„На претседателот Иванов му беше испратена покана за церемонијата и преку курирска служба и електронски. Немаме информација зошто не дојде“, ни изјавија од владината прес-служба.
Од Кабинетот на Иванов не добивме одговор на прашањето, бидејќи од прес-службата во Вила Водно никој не одговара, но претходно за Телма соопштиле дека Иванов не добил покана да учествува на свеченоста пред владата.
На свеченоста не присуствуваше, а бил поканет и поранешниот претседател Бранко Црвенковски, како ни претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Од ВМРО-ДПМНЕ ни изјавија дека Мицкоски добил покана, но не присуствувал на церемонијата бидејќи претходно имал закажано други работни обврски.