За свеченоста пред владата

На Иванов му била испратена покана и по курирска служба и електронски

Претседателот Ѓорге Иванов уредно беше поканет да присуствува на церемонијата на поставување на знамето на НАТО пред зградата во Владата, но нема објаснување зошто не се појавил, велат од Владата.

„На претседателот Иванов му беше испратена покана за церемонијата и преку курирска служба и електронски. Немаме информација зошто не дојде“, ни изјавија од владината прес-служба.

Од Кабинетот на Иванов не добивме одговор на прашањето, бидејќи од прес-службата во Вила Водно никој не одговара, но претходно за Телма соопштиле дека Иванов не добил покана да учествува на свеченоста пред владата.

На свеченоста не присуствуваше, а бил поканет и поранешниот претседател Бранко Црвенковски, како ни претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ ни изјавија дека Мицкоски добил покана, но не присуствувал на церемонијата бидејќи претходно имал закажано други работни обврски.

 

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе