На иницијатива на Левица, Уставниот суд оформи предмет за оценување на Законот за јазиците

Предметот за оценување на Законот за употребата на јазиците е во завршна фаза и очекуваме во најбрз можен рок истиот да биде ставен на дневен ред на Уставниот суд.Ова е одговорот на Уставниот суд на барањето на политичката партија Левица, која е иницијатор за оценување на уставноста на Законот за двојазичност.

Левица очекува во најбрз можен рок Уставниот суд со мериторна одлука ди гопоништи овој закон.

„Да потсетиме, овој контровезен закон, кој беше дел од Тиранската платформа, а кој доби негативна рецензија и од страна на Венициската комисија, беше илегално прошверцуван во Собранието на РМ и објавен во Службен весник без потребниот претседателски потпис“.

Левица претставката до Уставниот суд ја поднесе уште во февруари годинава. Деновиве партијата поднесе ургенција до претседателот на Судот со која бара повратна информација зошто и по осум месеци од поднесувањето не е постапено по нивната иницијатива.

„Со објавениот нацрт-документ за мислењето на Венециската комисија, која отпосле го мониторираше нормативниот текст на „законот“, само се потврдува она што ние го тврдевме цело време во текот на носењето на овој контроверзен и противуставен „закон“: дека тој неразумно ги надминува европските стандарди за заштита на националните малцинства и наметнува нереални и материјално скапи обврски, особено за судскиот систем, кој патем речено треба да се регулира со 2/3, а не со апсолутно мнозинство гласови во парламентот.

Таканаречениот Закон за двојазичност, кој е експанзионистички изблик на албанскиот национализам заради враќање во живот на криминалната партија ДУИ, и спроведува про-форма наместо суштинска заштита на албанското малцинство, дополнително ја дели нацијата по етничка основа и го подрива граѓанскиот карактер на државата – поради што е штетен за соживотот и негувањето на добрите меѓуетнички односи.

Наместо да го издигнува просперитетот на општеството како целина, овој „закон“ само ја засилува илузијата дека Македонците не им даваат нешто на Албанците и дека Албанците им одземаат нешто на Македонците, замаглувајќи ја вистината дека бизнис партиите и корумпираните елити се тие што добиваат сѐ, на наша заедничка сметка! Зад сите овие партии од т.н. „македонски“ или „албански“ блок стојат бизнис-елитите и западните бирократи, а не народот, кој е крајно разочаран и со нетрпение го очекува нивниот пад од политичката сцена.

Нема да дозволиме шверцување на туѓи платформи под превезот на божемна заштита на малцинските права. Ова ќе го правиме сè додека не ја одземеме политичката моќ на буржујските партии и, практикувајќи го правото на самоопределување, ќе ја вратиме истата во рацете на народот, како неприкосновен носител на суверенитетот на Републиката“, соопшти Левица.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе