По вчерашната свеченост

На инаугурацијата на Пендаровски не присуствуваа Заев, Мицкоски, Села, Сиљановска, Река...

Во неделата на инаугурацијата на новиот македонски претседател Стево Пендаровски, во Собранието присуствуваа претседателите на четири соседни држави (Албанија, Косово, Србија и Бугарија), но не и премиерот Зоран Заев, опозицискиот лидер Христијан Мицкоски...

Во Собранието не беше и пратеникот и претседател на Алијансата за Албанците Зијадин Села, а покана не добија противкандидатите на Пендаровски - Блерим Река и Гордана Сиљановска-Давкова.

Кандидатката на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Сиљановска вечерва изјави дека не добила покана за да присуствува на инаугурацијата на Пендаровски.

Во однос на поканите, од собраниските служби денеска појаснија дека на инаугурација не се канат опозициски лидери кои не се пратеници, ниту пак противкандидати што ги изгубиле изборите. Ова значи дека Мицкоски по протокол не бил поканет, а не биле поканети и противкандидатите Сиљановска-Давкова и Река. Во Собранието присуствуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај првичните информации дека на инаугурацијата не присуствувал и министерот Никола Димитров, тој на Фејсбук ги демантираше ваквите информации. Димитров присуствуваше и на средбите на Пендаровски во Вила Водно.

Премиерот  добил покана, ама од неговиот кабинет уште во петокот информираа дека „Зоран Заев во периодот од 10 до 14 мај ќе користи дел од своите слободни денови, заради приватни причини“. Тој со видео порака му честиташе на Пендаровски и меѓу другото рече: „Нѐ чека многу заедничка работа за нашиот народ”. Денеска на новинарските прашања Заев одговори - „Имам право на одмор. И ми треба малку да се одморам. Никаква друга причина нема“.

Иако пратеник, а и лидер на партија, Зијадин Села го немаше на инаугурацијата на новиот претседател. Неговата партија по завршувањето на првиот круг од претседателските избори соопшти дека нивните членови и симпатизери на вториот круг се слободни да гласаат според сопствената воља. 

A.Д.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе