На инаугурацијата на Пендаровски досега потврдено присуството на претседателите Радев, Мета и Тачи

До крајот на денот се очекува претседателот на Собранието Република Северна Македонија Талат Џафери и официјално за недела напладне да ја закаже седницата за инаугурација на новиот македонски претседател Стево Пендаровски.

Во изјава за МИА, претседателот на Собранието Џафери посочува дека досега потврда дека ќе присуствуваат на инаугурацијата на Пендаровски пристигнала од бугарскиот претседател Румен Радев, од албанскиот претседател Илир Мета и од косовскиот претседател Хашим Тачи. Присутни ќе бидат и заменик премиерот на Турција и делегација од Словенија, од каде, исто така, се очекува одговор дали нивната делегација ќе ја предводи лично претседателот Борут Пахор.

Покани за присуство на инауграцијата преку Министерството за наворешни работи се испратени до сите шефови на држави членки на НАТО и ЕУ, вклучувајќи ги и претставниците на Европската комисија, како и од земјите од регионот.

„Досега е потврдено присуството на претседателите на Бугарија, Албанија и Косово, Радев, Мета и Тачи, заменик премиерот на Турција и делегација од Словенија, рече Џафери.


Седницата треба да започне напладне, а откако ќе биде отворена новоизбраниот претседател треба да даде свечена изјава, ќе има обраќање пред народните избраници, по што ќе следува свечен коктел.
Џафери посочува дека роковите истекуваат, но оти Собранието ги има подготвено техничките детали за седницата навреме.

„Сметам дека се ќе се одвива според предвиденото“, рече претседателот на Собранието во изјава за МИА.

За тоа дали пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на инаугуративната седница, тој вели дека нема причина тие да не дојдат.

„Изборите беа како што беа, и од политички аспект мислам дека нема причина да не присуствуваат на седницата“, вели тој нагласувајќи дека тој информацијата до сите пратеници ќе ја испрати навреме.

Џафери информира дека на 16 мај, четврток, ќе биде закажана седница за прегласување на неколку закони што не беа потпишани од се уште актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов, а беа донесени на 24 април. На оваа седница на дневен ред ќе бидат и закони во второ читање. Исто така на 16 мај ќе биде закажано продолжение на 91 и 94 седница, на кои на дневен ред се закони кои треба да се прегласаат или не биле гласани. За 20 мај ќе биде закажана нова редовна пленарна седница со материјали кои се пристигнати во Собранието за време на претседателската кампања.

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе